Голем договор на африканска со кинеска фирма за екстракција на литиум

Голем договор на африканска со кинеска фирма за екстракција на литиум

Зимбабве е меѓу земјите со најголеми резерви на литиум. Кинеската фирма е само една од низата што се зголемува, што во јужноафриканската земја вложуваат во проекти поврзани за производство на батерии

Африканската компанија „Премиер Африкан Минералс“ (Premier African Minerals) очекува наредната година да ги испрати првите пратки на минерали од рудникот за литиум Зулу во Зимбабве, според договорот со кинеската фирма „Сужу ТА&А Ултра Клин Технолоџи Ко“ (Suzhou TA&A Ultra Clean Technology Co).

Според извршниот директор на африканската компанија, Џорџ Роч, кинеската фирма има во план да инвестира 35 милиони долари во изградба на пилот – централа со големи капацитети во Зулу. Годишно таму би требало да се произведуваат речиси 50.000 тони концентрат на сподумен, минерал од што се добива литиум.

Целта е првите пратки да тргнат до 31 март 2023 година.

Зимбабве е меѓу земјите со најголеми резерви на литиум. Кинеската фирма е само една од низата што се зголемува, што во јужноафриканската земја вложуваат во проекти поврзани за производство на батерии.

Во март, кинеската фирма стекна удел од 13,38 отсто во компанијата „Премиер“ со инвестирање од 12 милиони фунти или 14,37 милиони долари, обезбедувајќи снабдување со концентрат на сподумен за водечкиот кинески производител „Јибин Тианји“ (Yibin Tianyi), најголемиот светски производител на батаерии за електрични возила.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.