“Голем народен готвач” од 1983 година крие 3 рецепти кои моментално ќе ви го зајакнат имунитетот

“Голем народен готвач” од 1983 година крие 3 рецепти кои моментално ќе ви го зајакнат имунитетот!

Во време на пандемија на коронавирус, експертите апелираат на секој можен начин да го зајакнете имунолошкиот систем кој е клучен во одбрана од Ковид-19.
Сепак, малкумина знаат дека тајната за силниот имунитет се крие токму во “Големиот народен готвач” од 1983 година кој содржи многу корисни рецепти.
Погледнете како едноставно да приготвите некои од овие 3 супи кои се препорачува да се консумираат на дневна база:
Супа од сиров лук


Ситно исецкајте неколку чешниња лук и ставете ги во сад во кој ќе ја сервирате супата. Додадете 1 лажичка масло за јадење, малку бибер и сол и добро промешајте. Потоа прелијте со врела вода и додадете 100 грама кисела павлака.
Супа за болни лица


Исечкајте телешко или говедско месо на тенки парчиња и ставете ги едно врз друго во широк лонец за супа. Посолете и налејте со вода која ќе ги покрие парчињата. Поклопете го лонецот со чинија на која секогаш треба да има вода и оставете да се крчка 6 часа. Зголемете ја температурата на готвење во последните 10 минути, а потоа супата процедете ја низ крпа.
Од 2 килограми месо ќе добиете две третини или три четвртини литри добра супа со убава боја и закрепнувачка содржина.
Супа од цвекло


Изберете младо цвекло, но обрнете внимание да биде со јасноцрвена боја. Измијте 1 килограм цвекло, налејте со вода и додадете лук, магдонос и малку мајчина душичка. Сето ова ставете го на оган и гответе, а кога цвеклото ќе биде меко, излупете го и испасирајте го. Разредете го испасираното цвекло со бујон, зовријте го на оган и зачинете со жолчка. На крајот додадете мало парче путер.

Денеска актуелно и издвоено по избор на уредникот:

Повеќе информации и анкети можете да најдете на нашата Фејбук страница!!! клик на сликата 

СЛУШАЈТЕ СИ МУЗИКА ДОДЕКА ЧИТАТЕ ВЕСТИ: 

Радио станици на Пулс24

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.