ГОЛЕМ УСПЕХ НА ГЕРМАНСКАТА ДЕСНИЦА НА ИЗБОРИТЕ

НА изборите во германската сојузна покраина Долна Саксонија, Социјалдемократската партија на Германија (СПД) остана најсилната партија во локалниот парламент, додека десничарската Алтернатива за Германија (АфД) двојно го зголеми бројот на гласови.

ГОЛЕМ УСПЕХ НА ГЕРМАНСКАТА ДЕСНИЦА НА ИЗБОРИТЕ

Според првите пребројани гласови, СПД доби 33,3 отсто од гласовите, што е за 3,6 отсто помалку од изборите пред пет години.

Поранешниот коалициски партнер на СПД во Долна Саксонија, Христијанско-демократската унија (ЦДУ), освои 27,9 отсто од гласовите, што е за 5,7 отсто помалку од последните избори.

Зелените, кои се со СПД во коалициската влада на федерално ниво, го подобрија својот резултат од 13,8 отсто за 5,1 отсто во споредба со последните избори.

Со 11,6 отсто, АфД повеќе од двојно го зголеми бројот на гласови во однос на последните избори, кога освои 5,4 отсто од гласовите.

Либерално-демократската партија (ФДП) успеа да го мине изборниот праг со пет отсто од гласовите, додека партијата Левица и овојпат не успеа да влезе во парламентот на Долна Саксонија.

Излезноста од 60 отсто беше за околу три отсто помала од пред пет години, пренесе Хина.

Во првите анализи, големиот успех на АфД се поврзува со незадоволството на дел од гласачите од мерките за ублажување на финансискиот товар на инфлацијата што го носи федералната влада.

Според излезните анкети на институтот Инфратест/Димап, улога одигра и дел од незадоволството на гласачите од големиот број бегалци кои доаѓаат пред се од Украина.

Така, 33 отсто од испитаниците рекле дека сметаат дека е добро што АфД сака да го намали протокот на бегалци, а 18 отсто дека ги поддржуваат барањата на АфД за намалување на санкциите кон Русија.

Според истите истражувања, клучна улога имало прашањето за снабдување со енергија и одржување на благосостојбата.

Останува отворено прашањето дали Стефан Вајл (СПД), кој е на чело на Долна Саксонија 10 години, ќе ја продолжи коалицијата со ЦДУ или ќе работи на коалицирање со Зелените, како што најави за време на изборната кампања.

Со околу осум милиони граѓани, Долна Саксонија е четврта најнаселена сојузна покраина и сојузна држава со високо развиена индустрија и земјоделство.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.