ГОРАТ РУСКИТЕ ЗНАМИЊА ПО ОСЛОБОДУВАЊЕТО НА ГРАДОТ! – УКРАИНЦИТЕ СЛАВАТ ГОЛЕМА ПОБЕДА

Украинската армија во текот на вчерашниот ден наводно успеала да ослободи голем дел од градот Лиман кој им припаѓал на руските војници, а денеска на социјалните мрежи се појавиа видеа од украинските војници како го „чистат“ градот и ги палат руските знамиња после ослободувањето на полициската станица!

ГОРАТ РУСКИТЕ ЗНАМИЊА ПО ОСЛОБОДУВАЊЕТО НА ГРАДОТ! – УКРАИНЦИТЕ СЛАВАТ ГОЛЕМА ПОБЕДА

По долги битки, Украинците го ослободија Лиман од Русите, а вчера околу 13 часот ги подигнаа знамињата на западниот влез во градот. Новинарот на британски Гардијан Лук Хардинг на социјалната мрежа Твитер објави видео од украинските војници како го креваат знамето пред знакот на влезот во градот Лиман. Претходните денови се водеа жестоки битки за контрола на Лиман, а во петокот руските сили признаа дека биле „опколени“ од украинските сили.

Се проценува дека околу 5.000 руски војници наводно се оставени во Лиман да ги бранат своите позиции. На социјалните мрежи се шират информации дека Лиман е ослободен, но се уште нема официјална потврда за ова. На социјалната мрежа Твитер споменатиот новинар на Гардијан објави видео од украинските војници како палат руски знамиња по ослободувањето на полициската станица во градот Лиман. Овој град се смета за значајно стратешко место и поради тоа се засилиле борбите во него.

„Се спроведуваат мерки за стабилизација“, соопштија украинските вооружени сили.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.