„Не можеме и нема да бидеме доведени целосно да зависиме од туѓа волја врз која немаме никакво влијание. Гледам дека шефот на НАТО е во Јужна Кореја и во Јапонија. Човекот го познавам 20 години, мене и мојата земја не нè претставува таму. Тоа не е област на НАТО, но е во соседството на Кина. Тоа нема врска со Хрватска. Се прават работи врз кои немаме никакво влијание и никој не нè прашува, а уште утре можат сериозно да нѐ обврзуваат“, додаде хрватскиот претседател.
Според него, Украина е приказна која треба да се следи 24 часа на ден.
Тој рече дека тој ги набавил хаубиците, дека набргу потоа престанал да биде премиер и дека во меѓувреме не била набавена муниција.
„Купивме БМВ, го возиме во втора брзина, го касапиме како последни месари. Кој е одговорен за тоа? Јас не сум. Инаку, состојбата со залихите е мизерна. Одат горе со квалитетна опрема што не можат да ја користат на сериозен начин затоа што има муниција само до 16-17 километри. Тоа е нивото на Втората светска војна. И за тоа некој одговара, како и за празни магацини“, рече Милановиќ.
„Некои во Европскиот парламент зборуваат за ‘кинење на Русија’ – тоа е лудост. Ние и Србите не се мразевме толку многу. Тоа лудило, ако не можеш да му ставиш крај, тргни се од патот бидејќи ќе се префрли на тебе“, нагласи Милановиќ и додаде: „Ментално се подготвив за тоа дека ќе бидеме сведени на статус на кловнови. ХДЗ нè направи такви, но нема да дозволам да станеме циркуски пудлици, а тоа некои се обидуваат да го направат од нас“.
„Од 2014 до 2022 година гледаме како некој ја провоцира Русија со намера да избувне оваа војна. Избувна. Помина една година, ние дури сега зборуваме за тенкови. Таму ќе ги испратиме сите германски тенкови, руските изгореа. Истата судбина ги чека и овие другите“, рече хрватскиот претседател.
„Ова не е прашање на морал, каде до вчера луѓето беа разиграни пацифисти во фустанчиња, а сега би распарчувле луѓе. Решението не е промена на власта во Русија. Германските тенкови во Харков ќе ги зближат со Кинезите. Тоа што се прави не е добро“, рече Милановиќ.
Хрватскиот претседател одговараше и на новинарски прашања за Косово.
„Ова е доведување во прашање на целиот концепт, во кој некој мисли дека има право. Така и Крим – Крим никогаш повеќе нема да биде Украина. Тоа го велат водечките германски генерали“, рече Милановиќ, додавајќи дека таму гинат илјадници луѓе.
„Сè подлабоко влегуваме во конфликт со суперсила. Знаете како на крајот ја губат војната? Така што на крајот користат нуклеарно оружје“, рече Милановиќ и додаде дека се обидува да им ги отвори очите на другите затоа што „влегуваме во војна со суперсила“.
„Србија и Русија не се исто. За жал, тоа е болен факт и опасност. Го анектиравме Косово. Ние и меѓународната заедница. Одземено е од Србија. Кој го направи тоа освен ние? Дали го признавме Косово? Тоа не е анексија, тоа е одземање. Како се вика тоа? Екстракција. Не е шија, туку врат. Ова не е доведување во прашање на Косово, туку на целиот концепт“, рече Милановиќ.
„Русија е опасна земја. Вие ништо не разбирате. Ги споредувате Србите, овие опинчари кои се побунија тука, со светска нуклеарна суперсила“, рече тој.
„Лудите емоции и омраза ја доведуваат Европа во голема опасност“, рече Милановиќ.
„Украинците патолошки ги мразат Русите, тоа е факт. Хрватите не ги мразеа Србите толку, колку што овие ги мразат Русите таму“, додаде тој, пренесува Н1.
Според него „Русија е мрачна земја“.
„Црното е мрачно, тоа не е добро. Но, таа има нешто што го гледа како свој интерес, а ние влегуваме во конфликт со неа. Знаете кој се однесува така? Тој што плаќа со туѓи пари“, рече тој.
„Прашањето е колку ќе ѝ помагаме на Украина. Ова не е помош, ова е мрцварење. Требаше да бидат натерани да седнат на преговарачка маса. Треба да загинат 300 илјади Украинци. Ме боли срцето додека го гледам тоа. Се работи за тоа што оние кои ги тераат на тоа, го гледаат тоа од градови кои не се во војна. Тие знаат дека се на безбедно, нивните градови нема да горат. Ова е Армагедон, јас не сум верник, но начитан сум за тоа“, заклучи Милановиќ
Пронајдете не на следниве мрежи: