Американките Ејприл, Џенифер и Даниел се три жени кои делат еден сопруг Ник Дејвис (39) и таквиот брак одлично им оди. Сите живеат заедно во куќата и спијат заедно во креветот.
- Ник навистина бара, особено во кревет. Среќна сум што имам помош со него – откри Ејприл (38) која му е прва сопруга, пренесува The Sun.
- Три хороскопски знаци на кои Божиќ им е омилен празник
- Двајца осудени за 27 април побарале помилување
- Во падот на авионот во Казахстан преживеаја 32 луѓе
- „Росавијација“ ја објави причината за падот на патничкиот авион
- Крвав Божик во Германија! Мајка убила две деца на најсреќниот христијански празник, па се обидела да си го одземе животот! Се појавија деталите за хоророт!
Како што вели тој, ниту неговите сексуални потреби не се таков проблем, туку неговата необична личност. Ник не работи, бидејќи мисли дека нема потреба од тоа.
- Кралот ретко се движи на шаховската табла, а кралицата да – објаснува Ник.
Ејприл и Ник се запознале на колеџ и се заедно 15 години. Џенифер (25) ја запознала Ејприл на работа и се омажила за неа пред пет години.
- Џенифер е многу паметна и интелигентна, знаев дека на Ник ќе му се допадне веднаш – рекла Ејприл и додала дека Џенифер се чувствува непобедлива со нив.
Триото во својот динамичен живот го запозна Даниел (22) минатата година, а целиот процес е снимен во реалното шоу на TLC „Seeking Sister Wife“.
Веселиот тим неодамна го запозна најновиот член, а тоа е ќерката што ја роди Џенифер, малата Вера. Со нив живее и синот на Ејприл, Вилијам, на кого Ник не му е биолошки татко.
Ник се обидува да одвои време насамо за секоја од жените.
- Немаме точен распоред за секс, го правиме кога јас сакам или кога тие сакаат – рекол Ник и додал дека секогаш се забавуваат заедно.
– Сакам сите да бидеме среќни и задоволни – рече тој.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.