Го крие вишокот килограми и намалува 2 конфекциски броја: Џенифер Лопез во фустан којшто ќе ви треба пролетва

Пејачката и актерка Џенифер Лопез прошетала во ултимативна, пролетна комбинација со која ќе бидете забележани каде и да се појавите.

Џенифер Лопез и нејзиниот сопруг Бен Афлек ја продолжуваат потрагата по свој нов дом, откако по трет пат се откажале од куќата која првобитно ја сакале.
Парот бил забележан како се враќа од Хемптонс и делувал прилично задоволно, а своите заљубени насмевки не ги криеле, но дали пронашле семејна оаза ќе дознаеме во наредниот периoд.

Пејачката е позната по препознатливиот моден стил и смелите комбинации кои ретко кој може да ги изнесе како неа.
Сака да експериментира со боите, материјалите и кроевите, а и овојпат ги воодушевила сите со својот моден избор.
Џенифер Лопез за оваа прилика облекла фустан којшто е единствената модна инспирација која ви е потребна пролетва. Станува збор за миди фустан со долги ракави, а од тенкиот ремен со кружен детаљ моделот се шири во А крој.

Го крие вишокот килограми и намалува 2 конфекциски броја: Џенифер Лопез во фустан којшто ќе ви треба пролетва

Овој крој е фантастичен доколку сакате да ја истакнете фигурата, но и да скриете вишок килограми во пределот на стомакот и колковите, доколку ги имате.
И не само поради кројот, овој фустан е единствен кој ќе ви треба пролетва и поради дезенот. Фустанот Џеј Ло го искомбинирала со високи чизми на потпетица и дебел ѓон, па покажала дека пролетните фустани може фантастично да се искомбинираат со чизми.
Дали ви се допаѓа оваа модна комбинација на Џенифер Лопез?

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.