Според Европскиот центар за контрола на болести, деветнаесет увезени случаи на вирусот ОРОВ биле пријавени во Европа во јуни и јули, од кои дванаесет биле регистрирани во Шпанија, пет во Италија и два во Германија.
Болеста главно се шири со каснувања на инсекти вклучувајќи ги и комарците и потекнува од мрзливците со бледо грло, приматите и птиците.
ОРОВ е арбовирусна болест предизвикана од вирусот Oropouche. Според СЗО може да се пренесе со каснување на мушичка или други инсекти кои се наоѓаат во шумски и водени подрачја. До денеска нема докази за пренесување на ОРОВ од човек на човек.
Симптомите на болеста се слични на денга треската, и почнуваат помеѓу четвртиот и осмиот ден од каснувањето на инстектот. Почетокот е ненадеен, со треска, главоболка, болка во зглобовите, а понекогаш со гадење и повраќање кое трае 5 до 7 дена.
Повеќето случаи закрепнуваат во рок од седум дена, но во некои случаи закрепнувањето може да потрае со недели. Не постои антивирусен третман или вакцина за болеста. Смрните случаи се многу ретки. Според „Лансет“, на 25 јули Бразил пријавил два смртни случаи од ОРОВ кај две млади жени кои немале други здрвствени проблеми.
Некои експерти сметат дека ова е загрижувачко и дека треба да се дигне тревога. Утврдено е дека вирусот моментално цикрулира во Централна и Јужна Америка и дека до средината на јули во земјите како Бразил, Боливија, Колумбија, Перу и Куба се пријавени повеќе од 8000 случаи. 18 случаи во Европа пријавиле неодамнешно патување во Куба, а еден случај од Италија пријавил дека бил на патување во Бразил.