Го прочистува телото и многу брзо ги симнува килограмите

Исхраната се заснова на свеж зеленчук, овошје, ориз, ‘ржан леб и риба
Кинеската диета станала популарна ширум светот поради ефикасноста и разновидното мени. Менито во овој режим подразбира многу течности, како што е минералната вода, зелениот чај и свежите овошни сокови. Овие напивки го прочистуваат телото од насобраните штетни материи и му ги обезбедуваат неопходните витамини и антиоксиданти.
За време на диетата, исхраната се заснова на свеж зеленчук, овошје, ориз, ‘ржан леб и риба. Менито е составено во согласност со принципите за урамнотежена исхрана.
Во текот на овој период, секое утро треба да испиете 400 милилитри вода пред појадокот, која била зовриена, а потоа изладена на соодветна температура за да може да се пие. Тоа ќе ви овозможи да ги прочистите цревата, да ги забрзате метаболичките процеси и да го регулирате варењето.
Би требало да ги исфрлите слатките и производите од брашно од исхраната, како и животинските масти, алкохолот, кафето и преголемата консумација на сол и зачини.


Прв ден
Појадок: 150 грама свежа зелка, 200 милилитри минерална вода
Ручек: четири лажици варен ориз, 150 грама салата од рендан морков и маслиново масло, 200 милилитри кисела вода.
Вечера: 150 грама варена риба, мало парче ‘ржан леб, неколку листови зелена салата, 200 милилитри зелен чај.
Втор ден
Појадок: 150 грама салата од морков со маслиново масло, потпечен ‘ржан леб, 200 милилитри кисела вода.
Ручек: 200 грама салата од моркови, зелка, зелена салата, целер, парче ‘ржан леб, 200 милилитри свежо цеден сок од јаболко без шеќер.
Вечера: 100 грама варен ориз, листови зелена салата, половина грејпфрут, 200 милилитри минерална вода.


Трет ден
Појадок: 200 грама салата од јаболка, круши, портокал, банани, 200 милилитри свежо цеден сок од портокал без шеќер.
Ручек: 250 грама варен аспарагус, 150 грама зелка салата со сок од лимон, парче ‘ржан леб, 200 милилитри минерална вода.
Вечера: 250 грама пржени печурки (без масло), мал варен компир, 200 милилитри минерална вода.
Четврти ден
Појадок: јаболко, портокал, тост од ‘ржан леб, 200 милилитри свежо цеден сок од портокал без шеќер.
Ручек: 300 грама варен аспарагус со ориз и босилек, јаболко, парче ‘ржан леб, 200 милилитри минерална вода.
Вечера: 200 грама варена риба, два мали варени компира, парче ‘ржан леб, 200 милилитри зелен чај.
Петти ден
Појадок: 150 грама оризова каша сварена во вода, 200 милилитри кисела вода.
Ручек: 200 грама салата од зелка, парче ‘ржан леб, 200 милилитри кисела вода.
Вечера: 200 грама салата од зелка, моркови, зелена салата и маслиново масло, парче ‘ржан леб, 200 милилитри минерална вода.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.