Град Скопје: Советниците на Мицковски по 26ти пат одбија да гласаат за нови автобуси

Денешната седница на Советот на Град Скопје е само уште една потврда дека ВМРО-ДПМНЕ и нивните советници немаат намера да го средат хаосот во јавниот сообраќај. Напротив, денес повторно се докажува дека всушност тие се креатори на хаосот. 

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ повторно, по 26 пат одбија да гласаат набавка на нови автобуси.

Повторно го блокираа проектот за БРТ со кој Скопје би добил 60 нови автобуси во рамки на брзиот автобуски превоз.

И како тоа да не е доволно, Советниците на ВМРО-ДПМНЕ одбија да ја стават на дневен ред точката по барање на приватните превозници, со која тие бараат зголемување на надоместот за јавен превоз, сѐ со цел за да се продлабочи кризата и зголеми хаосот.

Оттука, апелираме до граѓаните, следниот пат кога имаат можност својот глас да го дадат на локални избори за избор на Совет на град Скопје, да не веруваат на ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ. 

Со почит, Одделение за односи со јавност
Град Скопје

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.