Предвремените локални избори во Охрид во неделата завршија. Охриѓани го направија својот избор, за градоначалник го избраа Константин Георгиески од СДСМ, зад кој застана и ДУИ.
Повеќе медиуми меѓу кои и ОХРИД 24 уште пред изборите, пишуваа дека постои договор помеѓу Константин Георгиески, Зоран Заев и албанскиот коалиционен партнер, во замена за гласовите на муслимамското население во Охрид, минарето на Али-пашината џамија да продолжи да се гради непречено.
Денешната слика од Охрид го потврдува тоа. По само три дена од прогласувањето на победата на СДСМ и Константин Георгиески во Охрид, работници се качени на минарето и според информациите од терен интензивно се работи.
Патем кажано, пред безмалку два месеца, при посета на Охрид премиерот Зоран Заев на граѓаните им вети дека ќе се стопира изградбата на минарето додека не се расветли случајот. Датумот за изнаоѓање решение беше “по 5-ти мај”.