Граѓански протест против загадувањето и во Драчево

Веќе со недели скопјани не можат да дишат од загадувањето кое е предизвикано поради запалените депониии во Вардариште и Дрисла.

Граѓаните во Аеродром со денови ги блокираат булеварите и протестираат поради загадениот воздух и смрдеата која се шири од пожареот во Вардариште, кој со недели не престанува да гори.

Денеска, еден граѓанин повика на протест и во Драчево, како што вели тој ова е момент да се покаже вистинскиот патриотизам во Драчево!

“Денес излегувам на протест во 18:00 часот пред поштата во Драчево. Макар и сам да бидам не ми е гајле. Ја повикувам секоја совесна душа која не може да ја прифати оваа еколошка бомба да се приклучи. Ова е голем тест за Драчево вистински да го покаже својот патриотизам.

Се гледаме во 18:00 часот пред поштата во Драчево.“ – пишува во објавата на револтираниот граѓанин

Пронајдете не на следниве мрежи: