Грешки кои ги правиме, а ги уништуваат тестенините

Готвачите велат: „Ако правите вака, подобро фрлете ги шпагетите в канта“.
Доколку припремате тестинини кои се на база на пченица, правите голема грешка ако ги ставата под мраз ладна вода откако ќе ги тргнете од оган. Воедно, сте ги варале предолго, а капак на сѐ – сте им ставиле масло.
Подготовката на тестинини делува многу едноставно, но постојат големи грешки кои се прават, а поради кои потоа тестенините стануваат лепливи или невкусни.
Предолго варење
Секој вид на паста се готви различно време. Секогаш на пакувањето стои јасно означено точното време кое треба пастата да го помине во зовриена вода, а за секој вид паста времето е различно. На пример, шпагетите се варат помалку време отколку оние подебели тестинини како равиолите. Со варење подолго од означеното го одземате вкусот на тестенините и ги правите премеки.
Масло во водата
Некои ставаат маслиново масло во водата пред да ги додадат тестинините. Апсолутно беспотребно. Маслото нема да го даде посакуваниот ефект, само ќе исплива на површината, а тестенините и натаму ќе бидат лепливи. Само бадијала ќе трошите од скапото ладно цедено маслиново масло.


Млаз врела вода
Врвот на грешките при подготовката на тестините доаѓа на крај. Изминало времето за варење, ги тргате од оган, ги цедите и веднаш ги ставате под млаз ладна вода. Катастрофа. Подобро веднаш потоа фрлете ги.
Тестенините кои се на база на пченица за време на варењето испуштаат скроб. Тој останува во водата и им овозможува на тестенините добро да се спојат со сосот со кој планирате да ги јадете, а токму поради тоа готвачите зачувуваат најмалку една голема лажица од драгоцената течност.
Млазот ладна вода ќе го испере скробот и тестенините повторно ќе почнат да се лепат, а водата богата со скроб ќе заврши во одводот. Дури и да се брзате па со цел побрзо да ги оладите, во никој случај немојте тестенините да ги ставате под млаз вода. Не само што влијае на нивниот вкус, туку и ќе придонесе брзо да се залепат.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.