четврток, 12 ноември 2026
Најново

Грк стрелаше врз протестен собир на имигранит, десетици ранети

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Десетици луѓе се ранети во пукањето врз учесниците на протестот на имигранти во Грција, во средата вечерта, пренесе грчката државна телевизија.

 Инцидентот се случил во близина на селото Неа Манолада на Пелопонез. Околу 200 имигранти протестираа, бидејќи не им биле исплатени парите како надомест за нивното ангажирање на собирање јагоди од плантажите веќе шест месеци.
Еден од локалните жители кој ги ангажирал странците, меѓу повеќето коишто излегле да ги пречекаат демонстрантите, отворил оган од ловечка пушка, се вели во извештајот.
Според телевизијата, погодени биле неколку десетици луѓе. Во локалната болница биле примени 32 лица, четири од нив се во критична состојба а десет во тешка.
Во информацијата не се наведува дали напаѓачот е приведен.
Опозициските партии во Грција го осудија нападот, а владата во Атина и во четвртокот сé уште не излезе со соопштение за инцидентот.
Макфакс
Десетици луѓе се ранети во пукањето врз учесниците на протестот на имигранти во Грција, во средата вечерта, пренесе гр

Поврзани вести