Поранешниот вицепремиер од ДУИ Артан Груби ги пофали албанските интелектуалци што напишаа писмо до Уставниот суд во пресрет на одлучувањето за Законот за јазиците.
Ја поздравувам академската и националната храброст на албанските интелектуалци против систематските тенденции за поништување на какви било национални достигнувања во однос на еднаквоста во Северна Македонија. Истата грижа ја делат и студентите, учениците, граѓаните, сите без исклучок. Аматерски политички акробации има закон, нема закон, судот ваков, судот таков, не доведе до ова ниво кое потекнува од непочитувањето на волјата на граѓаните на изборите на 8 мај од мандатарот и безусловното прифаќање на улогата на покорност од страна на губитниците на изборите. Ние зборуваме албански јазик и вие! Со албанскиот јазик нема компромис ни политика, ни партија, има само нација, вели Груби.



