Груевски: Одлуката на Стразбур е само почеток на разоткривањето за злосторствата и политичкиот прогон кој сѐ уште трае!

Одлуката на судот во Стразбур за политичкиот прогон врз Миле Јанакиески е само почеток, а има уште многу за разотркивање, напиша на Фејсбук поранешниот премиер Никола Груевски.

– Одлуката на судот во Стразбург поврзана со Миле Јанакиески околу политичкиот прогон, незаконското работење и самоволие на одредени судии, политички мотивираните случаи и репресијата на СДСМ и Заев врз судството со цел да ги елиминира политичките противници, е само почеток на разоткривањето на злостворствата што беа правени во изминатите години. Има уште многу за разоткривање, а прогонот сѐ уште трае и злосторставатa течат. Актерите сѐ уште веруваат дека никој не знае што прават или барем дека нема докази за тоа. – напиша Груевски.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.