Груевски цитира италијански историчари: Кој е роден во Македонија знае и се изјаснува дека е Македонец!

„Сите завојувачи на Македонија Хелените, Римјаните, варварите со нивните големи преселби, Турците се обиделе да ја избришат македонската историска свест, наметнувајќи ѝ на земјата административни имиња, и тоа вештачки. Но залудно.

Кој е роден во Македонија знае и се изјаснува дека е Македонец. “

Џорџо Нуриџани (Италија), 1933 година

***

Џорџо Нуриџани (1892–1981) бил италијански писател, новинар, јазичар и историча. Роден е во Рим.

Нуриџани меѓу двете светски војни престојува во Софија (Бугарија), каде за првпат се сретнува со идеите и идеалите на ВМРО (Обединета), коишто пак тогаш и ја добиваат неговата наклонетост. Автор е на повеќе книги и трудови во врска со Македонија: “Македонска трагедија” (Софија 1933 г.), “Македонија – вчера и денес” (Рим 1966 г.), “Македонскиот гениј низ вековите” (Рим 1972 г.) итн.

Пронајдете не на следниве мрежи: