Грузија го усвои законот за „странски агенти“ што предизвика масовни протести и противење во земјата

Законот ќе бара од организациите кои добиваат повеќе од 20 отсто од нивното финансирање од странство да се регистрираат како агенти на странско влијание, или ќе се соочат со високи казниГрузискиот парламент го усвои контроверзниот закон за „странски агенти“ и покрај широкото домашно противење и предупредувањата од Европската Унија дека неговото донесување ќе ги загрози шансите на земјата да се приклучи на блокот.Во пресрет на гласањето, на пленарната седница, како што пренесува Ројтерс, имало препукувања меѓу пратениците на владејачката партија и опозицијата, кои се туркале и гневно гестикулирале за време на дебатата за нацрт-законот, кој владините критичари и западните земји го критикуваа како авторитарен и инспириран од Русија.Предлог-законот е усвоен со 84 гласа „за“ од 150 пратеници.Законот ќе бара од организациите кои добиваат повеќе од 20 отсто од нивното финансирање од странство да се регистрираат како агенти на странско влијание, или ќе се соочат со високи казни.Противниците го нарекоа предлог-законот „руски закон“, споредувајќи го со руското законодавство што Кремљ ги користеше за да ја задуши опозицијата и граѓанското општество.Грузиската влада вели дека предлог-законот е потребен за промовирање на транспарентноста, борбата против „псевдо-либералните вредности“ промовирани од странци и за зачувување на суверенитетот на земјата.Владејачката партија „Грузиски сон“ која го протурка законот, возврати на критиките, соопштувајќи дека овој потег ќе ја промовира транспарентноста и националниот суверенитет.За време на седницата, толпа народ повторно се собра пред парламентот во знак на протест поради спорниот закон. По гласањето, полицијата за борба против нереди се судри со демонстрантите во Тбилиси, откако некои поединци ги урнаа бариерите и упаднаа во просториите на парламентот.Законот за „странски агенти“ сега најверојатно ќе се соочи со најавеното вето од претседателката на Грузија, која неодамна изјави дека нема да го потпише законот. Претседателката има две недели да го стори тоа, но парламентот може да го поништи нејзиното вето со ново гласање, овојпат со просто мнозинство.Белата куќа денеска соопшти дека е длабоко загрижена поради усвојувањето на контроверзниот закон за „странски агенти“ во Грузија, предупредувајќи дека САД би можеле да ги преиспитаат своите односи со земјата.Прес-секретарот на Белата куќа, Карин Жан-Пјер, вели дека САД се „длабоко вознемирени од грузиското законодавство во стилот на Кремљ“ и го повикува грузискиот претседател да стави вето на законот.Предложениот закон го осудија САД, Европската Унија и други, поради неговите сличности со рускиот закон што претседател Владимир Путин го користи за да го замолчи несогласувањето со официјалната политика и да ги задуши независните институции.Масовни протести околу законот за „странски агенти“ во Грузија се одржуваа и минатата година. Во март лани грузиската владејачка партија соопшти дека ќе го повлече нацрт-законот за „странски агенти“, откако во главниот град имаше големи протести и широки меѓународни критики.Масовни протести во Грузија поради законот за странски агенти – полицијата употреби солзавец и шок-бомби за да ги растера демонстрантитеВо соопштението на партијата стои дека безусловно го повлекуваат предлог-законот поради потребата да се намали конфронтацијата во општеството.

Пронајдете не на следниве мрежи: