Групација за производство на цигари: Не е прифатена ниту една наша забелешка

Групацијата за производство на цигари и Здружението на производителите на тутун при Стопанската комора на Македонија, изразија разочарување од Дополнетиот и изменет текст на Предлог-законот за пуштење кој во вторник на 24 март влегува во владина процедура.
Тврдат дека ниту една од нивните забелешки не е вградена во предлог-текстот на законското решение иако во изминатиот период имале работни состаноци и технички средби.
      За жал, како директно засегната индустрија, нашите ставови и мислења воопшто не се земени предвид. Предложениот текст, иако формално наведува јавно-здравствени цели, реално воведува несразмерни ограничувања, кои го нарушуваат легалното работење на индустријата и создаваат сериозни последици што ќе се почувствуваат многу бргу. Овој текст е неусогласен со релевантната регулатива, во делови неприменлив и несразмерно рестриктивен, со директно негативно влијание врз легалните комерцијални активности. Иако ја поддржуваме целта за строга рамка за забрана на пушење во затворени простории и заштита на младите, предложените решенија нема да ги постигнат посакуваните резултати во јавното здравје, велат од Групацијата.
Предложените мерки, според нив, не водат кон намалување на употребата на тутунски производи, туку поттикнуваат одлив кон сивата економија со неконтролирана продажба, небезбедни производи, прекугранично снабдување и сериозни загуби за буџетот.
– Нашите анализи укажуваат дека прекумерните рестрикции, во споредба со други примери, не ја намалуваат преваленцата на пушење, туку доведуваат до раст на нелегална трговија со тутунски и никотински производи, снабдување со производи од соседни држави со непроверен квалитет и доведување во ризик на здравјето на граѓаните од производи што не ги поминуваат потребните проверки за безбедност и квалитет и сериозен пад на буџетските приходи на сметка на раст на нелегалната трговија и нарушување на целиот синџир на вредност, нагласуваат од Групацијата за производство на цигари.
Министерот за здравство Азир Алиу денеска на прес конференција рече дека сите отворњни прашања за законот биле затворени.                    Законот влегува во владина процедура по што ќе биде испратњн до Собранието.                   Тутунскиот сектор претставува значајна економска гранка. Во последните пет години државата инкасира повеќе од 1,125 милијарда евра акцизни приходи, а само минатата година остварени се речиси 350 милиони евра од акцизи, царини и даноци и над 200 милиони евра од откуп на тутун.

Пронајдете не на следниве мрежи: