Утврден е идентитетот на беживотно тело кое завчера беше пронајдено во водите на Охридското Езеро, пред плажа на Градскиот кеј во Охрид.
Информацијата ја потврди портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, кој истакна дека врз телото немало траги на насилство.
Охридската полиција, го соопшти и идентитетот на лицето, чие што безживотно тело беше извлечено од водите на Охридско Езеро, во центарот на градот.
„На 19.06.2025 во 14.25 часот во СВР Охрид било пријавено дека во Охрид, пред ул.„Кеј Македонија“, во водите наОхридското Езеро бил пронајден B.J.(74) од Англија, кој не давал знаци на живот. Лицето било извадено на кејот, а од
екипа на Итна медицинска била констатирана смрт без видливи траги на насилство,“ информира СВР Охрид.


