Дали Артан Груби со своето преведување или со својата работа за Хашкиот трибунал го “испрати” Хашим Тачи во Хаг!?

Дали може да следува еден внатре албански конфликт поврзан со случајот жолта куќа и работата на Специјалниот суд во Хаг посветен на злосторствата направени од страна на УЧК?

Минатата недела беше објавено дека првиот владин вицепремиер преведувал во жолтата куќа па тоа беше потоа демантирано и од лидерот на ДУИ, Али Ахмети и од самиот Груби.

Во изјавата за медиумите Груби потврди дека работел за Хашкиот трибунал од 1999 до 2004 година и дека во албанскиот град Бурел бил заедно со иследникот на Хашкиот трибунал, по претходни наводи за наводни злосторства таму, но како што вели тој на крајот се утврдило дека таму нема никаков случај.

Според Груби: Сите знаат дека сум работел во Хашкиот трибунал од 1999 до 2004 година, во канцеларијата на обвинителката како преведувач, и сум работел на истраги и во Македонија, Косово, Албанија, во Црна Гора и Србија и нема ништо спорно во мојот ангажман, вели тој.

Својата “одбрана” во јавноста Груби ја темели на следните факти: Јас бев во Албанија во 2004 година, вели тој, а наводите за направени злосторства се од 1998/99 година. Бевме таму како дел од истрагата, јас бев асистент на иследникот, но „Жолтата куќа“ воопшто не е дел од обвинението против претседателот на Косово, експретседателот на Собранието, туку други наводни злосторства од 1998 и 1999 година“, објаснува Груби.

И по оваа објаснување, допрецизирање или демантирање на наводите кои беа објавени во македонските медиуми го снемува Груби. Одеднаш го нема арогантниот Груби кои ги иритира или ги провоцира македонските граѓани, го нема Груби како дели лекции по медиумите, го нема Груги кој глуми поголем премиер од премиерот Заев. Зошто ако е се чисто во операцијата жолта куќа на Груби тој одеднаш како да пропадна во земја?

Извор: ВоЦентар

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.