Дали Артан Груби со своето преведување или со својата работа за Хашкиот трибунал го “испрати” Хашим Тачи во Хаг!?

Затоа што вистината не е баш таква каква што сакаат да ја прикажат и Артан Груби и Али Ахмети. Во што е суштината?

За случајот жолта куќа прва пишуваше поранешната хашка обвинителка Карла Дел Понте во својата книга во 2008 година, а врз база на тие сознанија потоа случајот почна да го истражува специјалниот истражувач на Советот на Европа, Дик Марти.

И тука доаѓаме до клучната поента: Обвинението на Специјалниот суд во Хаг против косовскиот претседател Хашим Тачи и уште неколку други членови на УЧК се темели токму на извештајот на Дик Марти.

Да, на Хашим Тачи и на Кадри Весели не им се суди за жолтата куќа, но врз база на истрагата за случајот за жолтата куќа е формиран Специјалниот суд во Хаг за злоделата направени од УЧК. За тоа во емисијата Во Центар дебатиравме и со поранешниот косовски комунистички лоидер, Азем Власи.

И тука доаѓа заплетот: Артан Груби бил дел ( преведувач или асистент на иследникот ) на еден процес и врз база на тој процес потоа е формиран Хашкиот суд за злосторствата на УЧК, каде сега судење чека Хашим Тачи, кој е осомничен за 98 убиства и други злосторства кон човештвото.

И тоа е веќе основа за внатре албански конфликт во целиот регион на тема кои се предавници а кои се патриоти кај Албанците, односно кои биле против а кои со својата работа придонеле да биде формиран Специјалниот суд кој сега му суди на Хашим Тачи.

По потврдувањето на обвинението на Специјалниот суд против поранешните водачи на ОВК, премиерот на Албанија, Еди Рама, зборувајќи за извештајот на поранешниот член на Европскиот парламент, Дик Марти во кој тој тврди дека злосторствата биле извршени од припадници на ОВК, ги обвини своите политички противници, Илир Мета ( Претседател на Албанија), Сали Бериша (поранешен албански премиер) и Љуљзим Баша (лидер на Демократската партија во Албанија) за поддршка на овој швајцарскиот сенатор.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.