Дали бебињата плачат во утробата на мајката?

Видео објавено во 2005 година покажува фетус во 33-та недела со изрази на лицето кои јасно се гледаат на ултразвук и изгледаат како бебето да плаче.
Откако истражувачите го стимулирале фетусот со бучава и вибрации, го виделе како ја отвора вилицата, ја повлекува брадата и издишува три големи издишувања по ред додека истовремено ги крева градите и ја навалува главата назад, што завршува со тресење на брадата.
З начи, дали бебињата плачат во утробата? Надја Рајсланд, психолог од Универзитетот Дурам во Обединетото Кралство, вели дека зависи од тоа како го дефинирате плачењето.
„Ако вашата дефиниција за плачење е силен, неартикулиран плач или крик што изразува силно чувство или емоции, тогаш бебињата не плачат во утробата“.
Тим на истражувачи предводени од Надја Рајсланд откриле, гледајќи ги сликите од ултразвук, дека фетусот вежба движења на лицето кои се исти кога плаче додека ѐ уште е во утробата. На тој начин се подготвуваат за раѓање и ослободување на функционалниот врисок карактеристичен за првиот здив на бебето надвор од мајчината утроба.
Меѓутоа, дали гласните жици вибрираат и дали бебињата се обидуваат да произведат звук додека сѐ уште се во утробата, невозможно е да се знае.
Целта на истражувањето спроведено од Рајсланд е да развие корисна алатка која би овозможила идентификација на развојни нарушувања и други здравствени состојби.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.