Дали претерала? Спортски чорапи и сандали со вечерната тоалета

Комбинацијата на чорапи и сандали или високи потпетици веќе се навикнавме да ја гледаме, но истата изгледа добро само ако чорапите стилски се поклопуваат со облеката.
Но, американската актерка и пејачка Деби Рајан отишла еден чекор понапред и споила спортски чорапи со сандали, во комбинација со вечерен фустан.


За оваа (не)замислива комбинација, 25-годишната Деби се одлучила за свечениот настан “Elle Women” во Холивуд. Актерката носела бели спортски чорапи со црвени и сиви линии од модната куќа “Chloe” и црни сандали со ременчиња и метални детали.
Спортските чорапи на Рајан не ја спречиле таа да облече беж вечерна тоалета која ја надополнила со златен ѓердан.
Чорапите и сандалите не ѝ се непознати на Ријана, која повеќе пати се има појавено во вакво издание.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.