Руските вооружени сили, наводно, регрутирале стотици јеменски борци за војната во Украина. Овој таен оперативен синџир на регрутирање, поврзан со Хутите, сè повеќе открива подлабоки врски меѓу Москва и оваа јеменска милитантна група, која е на страната на иранскиот режим, пишува Фајненшл тајмс.Јеменските регрути интервјуирани од новинарите рекоа дека на многу од нив им биле ветени високи плати, па дури и руско државјанство. Сепак, како што тврдат, условите се сосема поинакви од она што им било ветено.Имено, тие тврдат дека откако пристигнале во Русија со помош на компанија поврзана со Хутите, регрутите биле насилно вклучени во руската армија и испратени на фронтот во Украина. Многумина од нив, кои немаа воена обука, станаа дел од воената машина на линијата на фронтот.Еден од регрутите, Набил, рече дека му била ветена висока плата, но наскоро тој, заедно со другите Јеменци, бил испратен во украинската шума, каде што морале да градат засолништа под постојано бомбардирање.„Не добивме основна опрема или одмор. Само преживувавме“, рече Набил, кој сега е во болница откако беше повреден во борбите.Оваа нова фаза на регрутирање ја одразува пошироката стратегија на Русија да избегне целосна мобилизација на сопствените граѓани, а во исто време користи странски борци, вклучувајќи платеници од Непал, Индија, па дури и 12.000 војници од Северна Кореја, кои исто така се испратени во Русија во борба против украинските сили.
Пронајдете не на следниве мрежи: