Дали црното чоколадо навистина е поздраво од млечното или е тоа само мит

Љубителите на благото сигурно ја имаат оваа недоумица кога ќе се најдат пред рафтот со чоколади – црно или млечно?
Одговорот е потврден, а експертите наведуваат и од кои причини треба да се замени млечното чоколадо со тоа со поголем процент на какао.
Мал е бројот на оние кои можат да одолеат на вкусот на чоколадото, но ако се грижите за килограмите и здравјето, темното чоколадо е подобар избор во тој случај.
Колку е погорчеливо, толку чоколадото е покорисно. Какао има многу повеќе во црното чоколадо, отколку во млечното. Процентот на какао може да биде во распон од 70 до 90 проценти. Со самото тоа процентот на шеќер е помал, а тоа е одлично за организмот.


Консумирањето на црно чоколадо го намалува крвниот притисок, а исто така го намалува ризикот од добивање на мозочен удар или инфаркт. Луѓето кои често консумираат темно чоколадо поретко патат од кардиоваскуларни проблеми.
Одредени супстанци во црното чоколадо поттикнуваат лачење на серотонин, кој е познат како природен антидепресив. Црното чоколадо е многу корисно во депресивни состојби и исто така го намалува ризикот од рак на дебелото црево.
Црното чоколадо е одличен извор на природни антиоксиданси. Научниците дури и откриле дека содржи многу повеќе антиоксиданси од јаболката, грозјето и сливата. Содржи голема количина на кофеин, кој помага во активноста на мозокот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.