Дами, оваа природна смеса е “спас за вас“: Заборавете на скапите и болни депилации

Депилацијата со шеќерна паста или египетската депилација веројатно е најблиска до восочната, но нејзината предност е што нема делови на телото каде не смеете да ја нанесувате.

Плус болката е двојно помала од восочната депилација.

Египетската депилација се препорачува за луѓе со чувствителна кожа, бидејќи делува антиалергиски.
Оваа природна смеса за депилација, можете да ја направите и сами, па да се издепилирате дома.

Состојки:
-2 чаши шеќер
-¼ чаша вода
-¼ чаша лимонов сок

Подготовка и употреба:
Исцедете го лимонот, но цедете го со помош на газа која ќе ги задржи семките и малите парченца лимон. Во тенџерчето ставете го шеќерот и на тивок оган мешајте додека не се растопи.
Во растопениот шеќер додадете ја водата и сокот од лимон, а на тивок оган мешајте околу 5 минути додека смесата не добие златна, црвенкаста боја.
Така подготвената смеса ставете ја во керамички сад и оставете ја да се олади, но не премногу. Смесата нека биле млака за да можете да ја држите во вашата рака.
Кога шеќерната паста ќе се олади во раката земете доволна количина да направите топче. Пастата развлекувајте ја со рацете додека не стане светла и не се растегнува.

Со раката нанесете ја на подрачјето кое сакате да го издепилирате и тоа во насока спротивна од растот на влакната. Потоа со брзи движења отстранете ја пастата и влакната.
СОВЕТ: За да ја одржите температурата на пастата идеална, држете ја во сад со топла вода.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.