Дачиќ: Директните разговори меѓу Белград и Приштина би биле подобра опција

Директните разговори меѓу Белград и Приштина би биле подобра опција, бидејќи Србите и Албанците можеби навистина имаат заеднички интереси, но дека некому од меѓународната заедница тоа не му се допаѓа, изјави српскиот премиер Ивица Дачиќ.

„Секогаш сметав дека директните преговори се подобра опција и дека би можеле да ни овозможат да постигнеме договор со Приштина. Но, таа идеја не им одговара на одредени странски сили, кои се скептични кон можноста дека не знаат што би можеле ние да се договориме”, рече Дачиќ во интервјуто за „Раша тудеј”.
Што се однесува до статусот на Косово и Метохија, српскиот премиер вели дека тој е амбивалентен.
„Од една страна, Србија ја загуби контролата над поголемиот дел на Косово по НАТО бомбардирањето во 1999 година, а од друга, Приштина нема суверенитет над делот од територијата од покраината што е населен со Срби”, додава Дачиќ.
Запрашан дали има впечаток дека пристапувањето на Србија во ЕУ се условува со решавање на прашањето на Косово, иако тоа официјално не е споменато, и дека „целта се поместува за време на трката”, Дачиќ одговара дека „сме сведоци на политика со двојни стандарди во која правилата се менуваат во од, а тоа сигурно не може да се нарече фер плеј”.
Макфакс
Директните разговори меѓу Белград и Приштина би биле подобра опција, бидејќи Србите и Албанцит

Пронајдете не на следниве мрежи: