Дачиќ: Не сакаме веќе да губиме војни, една мора да добиеме

Желбата на Белград е дијалогот да не се прекинува, неопходно е одржливо и спроведливо решение кое ќе биде во интерес за двете страни, 9 април не е „Денот Д“, изјави премиерот на Србија, Ивица Дачиќ.„За датумот се одлучува кон крајот на јуни, дури и да не добиеме датум, преговорите мора да продолжат“ изјави Дачиќ.Дачиќ на конференцијата за новинари по консултациите со шефовите на парламентарните партии и пратеничките групи во парламентот изјави дека во наредните денови неопходно е да се дојде до компромис пред се во областа на полицијата и правосудството.„Не сакаме веќе да водиме војни кои ги губиме, една војна мора да добиеме“ рече Дачиќ, истакнувајќи дека мора да се постигне разумно решение.Одлуката ќе ја донесеме водејќи сметка за интересите на целиот наш народ и за интересите на цела Србија,порача српскиот премиер.„Нема да ги предадеме националните интереси, ниту Косово“ рече Дачиќ.Тој нагласи дека Владата на Србија е цврсто определена за дијалог, за одржливо решение за Косово и не го доведува во прашање европскиот пат на Србија.Владата на Србија својот став за досегашниот тек на дијалогот Белград и Приштина ќе го донесе и соопшти во понеделник, но начелниот став е дека би било корисно се што е постигнато при дијалогот  до денеска да не биде фрлено во вода.“Нашата желба е да не се прекинува дијалогот и во наредните денови да дојде до компромис“ рече Дачиќ кој истакна дека во државниот врв постои апсолутно единство и дека во наредните денови ќе има единствен став.Тој порача дека владата во наредните  денови ќе продолжи да трага по компромисно решение за северот на Косово, посебно од областа на правосудството и полицијата, бидејќи наредната седмица не е „Ден Д“, со оглед на тоа дека одлуката за тоа дали Србија ќе добие датум за почеток на преговорите за членство во ЕУ, ќе биде донесена кон крајот на јуни.„Ќе продолжиме да работиме на барање на решение, тоа за нас ќе биде цел наредните денови, без оглед на почетокот на пишувањето на извештајот од страна на Европската комисија. Одлуката за сето тоа ќе биде донесена кон крајот на јуни, но дури и да не добиеме датум мораме да продолжиме да го решаваме ова прашање. Треба ли да чекаме уште две години да почнеме од истиот документ кој сега го немаме?“ рече Дачиќ.
МакфаксЖелбата на Белград е дијалогот да не се прекинува, неопходно е одржливо и спроведливо решение кое ќе биде во интерес з

Пронајдете не на следниве мрежи: