четврток, 12 ноември 2026
Најново

Дачиќ: Подготвени сме на договор со Приштина и без посредник

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Српскиот премиер Ивица Дачиќ во интервјуто по враќањето од Русија  објавено во саботата во Данас  Русија, вели дека владата прави се’ што е можно и е способна да ги оствари двете цели, да го реши косовскиот проблем и да продолжи со евроинтеграциите на Србија, па според него причина на решавањето на двата проблема е Србија, како Косово, да почне нормално да живее.Дачиќ изразил убедување дека Белград ќе ги продолжи преговорите со Приштина, доколку е потребно и без посредник, бидејќи според српскиот премиер друг начин за решавање на косовскиот проблем. Смета дека поврзувањето на (не)постигнувањето на договорот со Приштина и добивањето на датумот за почеток на преговорите за членство на Европската унија е и погрешно и опасно.Во делот од разговорот посветен на преговорите со Приштина, Дачиќ вели дека Србија е подготвена дури и доколку нема повеќе посредници, да продолжи и со директни разговори со Приштина, во прв ред затоа што проблемот на Косово е проблем на Белград, и проблем на Приштина и мора да се најде начин да се реши.„Мислам дека таа наоѓа желба е јасно препознаена, и добивме, можам и тоа да го кажам, поддршка да продолжиме со преговорите. Сите консултации се токму затоа и поврзани со продолжувањето на дијалогот и изнаоѓањето на решението“, вели Дачиќ.На прашањето дали верува во конечен договор и тоа пред 22-ри април кога ќе заседава Советот на министрите за надворешни работи на земјите членки на Европската унија, српскиот премиер вели: „Ние, како што кажав, дур пат немаме. И од првиот ден, мојата прва средба со Хашим Тачи, јасно покажавме каква е определбата на Србија. И ден-денес имаме добра верба дека тоа определување е исправно и единствено можно“.Потсетува дека прашањата коишто останале нерешени се однесуваат на тоа кој Србите на Косово ќе ги чува, ќе им суд, кој ќе ги учи и лекува „Самиот тој факт е голем напредок и охрабрува дека решението е можно“, додал Дачиќ.„На крајот и Тачи тоа добро го забележа, непостигнувањето на договор претставува пораз и за Србија и за Косово, а јас би додал и продолжување на вонредната состојба за сите на Србија и за сите на Косово. На тоа мораме да му ставиме крај. Состојбата мора ме да ја вратиме во редовна, и нормална. Мораме, со еден збор, да го овозможиме животот и за Србите и за Албанците“, порачува српскиот премиер.Дачиќ нагласува дека Србија е приврзана на европскиот пат, ги исполнува обврските од европската агенда, ги спроведува реформите и ги ускладува своите прописи со европските, ги усвојува европските стандарди и правила и секако ќе продолжи тоа да го прави.„Да се лицитира за тоа кога нашиот труд ќе биде препознаен и со добивањето на датумот, и да се поврзуваат преговорите за Косово со тој чин, е погрешно и не води кон ништо“, истакнува Дачиќ.Вели дека тој, претседателот Томислав Николиќ и првиот вицепремиер Александар Вучиќ се консултираат околу сите прашања и ги бараат најдобрите решенија кој на српскиот народ и држава „конечно нешто ќе му донесат“ и оти во тоа се единствени.
МакфаксСрпскиот премиер Ивица Дачиќ во интервјуто по враќањето од Русија  објавено во саботата во Данас  Русија, ве

Поврзани вести