ДА НЕ БЕШЕ НАТО СОПРЕН ВО УКРАИНА, ЌЕ ТРГНЕШЕ НА РУСИЈА! ИРАНСКИОТ ЛИДЕР ХАМНЕИ ОТКРИ ШТО БИ БИЛ ИЗГОВОРОТ ЗА АЛИЈАНСАТА ДА УДРИ НА МОСКВА!

НАТО ќе започнеше војна против Русија, користејќи го Крим како изговор, доколку не беше запрен во Украина, изјави иранскиот верски лидер Али Хамнеи за време на средбата со претседателот Владимир Путин во Техеран.

Војната е сурова и сложена категорија и Исламската Република воопшто не е среќна што обичните луѓе страдаат поради неа, но во случајот со Украина, да не преземевте иницијатива, другата страна ќе ја предизвикаше самата војна – рече Ајатолахот Хамнеи.

Како што наведе, НАТО е опасна организација, а Западот е категорично против силна и независна Русија. – Кога е отворен патот кон НАТО, оваа алијанса не познава граници. Да не беше стопирана во Украина, по некое време ќе ја почнеше истата војна, користејќи го Крим како изговор – заклучи тој. Да потсетиме, во Техеран се одржува средба на лидерите на Русија, Иран и Турција, Владимир Путин, Ибрахим Реиси и Реџеп Таип Ердоган. Меѓу другото, тема на разговор ќе биде и ситуацијата во Сирија.

Пронајдете не на следниве мрежи: