Двајца мртви и осум исчезнати во Грција во судар на бродови

Два морнара се удавиле а осум се сметаат за исчезнати по сударот на два товарни брода во понеделникот крај југозападниот брег на Грција, соопшти крајбрежната стража.

Сите настрадани се дел од екипажот на бродот „Пириреис” кој плови под знаме на Куковиот архипелаг и кој во сударот потонал откако бил тешко оштетен. Другиот брод „КонСаут” кој плови под знамињата на Антигва и Барбуда, претрпел само помали оштетувања.
 Сударот се случил на околу 75 наутички милји од островчето Сапиенца, соопшти крајбрежната стража на Грција.
 Бродот „Пириерис” имал вкупно 17 членови на екипажот. Телата на двајцата давеници веќе се пронајдени, а уште осуммина се исчезнати. Сите 16 членови на екипажот на „КонСаут” се безбедни.
 По исчезнатите трагаат два брода на крајбрежната стража, еден овени хеликоптер и авион за потраги од типот „C-130″.
 „Времето беше убаво, морето беше мирно”, изјавил Димитрис Кафантарис, градоначалник на блискиот Пилос за јавната телевизија Net. Додал дека се истражува дали дошло и до загадување на морето.
 Пириреис е во сопственост на турската бродска компанија „Емироглу”, а превезувал вештачко ѓубриво од Алжир до Украина.
Макфакс
Два морнара се удавиле а осум се сметаат за исчезнати по сударот на два товарни брода во понеделникот крај југозападни

Пронајдете не на следниве мрежи: