Двајца Руси со брод пристигнале на Алјаска, побарале азил во САД: Побегнале од мобилизација?

Канцеларијата на американската сенаторка Лиза Мурковски, која ја претставува Алјаска, објави дека двајцата Руси тврдат дека бараат азил за да избегнат задолжителна воена служба.

Двајца Руси со брод пристигнале на Алјаска, побарале азил во САД: Побегнале од мобилизација?

Двајца Руси кои наводно бегаат од воена мобилизација поднеле барање за азил во САД откако пристигнале во Алјаска со брод, соопштија американските власти.

Рускиот претседател Владимир Путин минатиот месец прогласи делумна воена мобилизација поради војната во Украина, а Ројтерс јавува дека десетици илјади мажи избегале од Русија и во странство за да избегнат да бидат пуштени во служба.

Канцеларијата на американската сенаторка Лиза Мурковски, која ја претставува Алјаска, објави дека двајцата Руси тврдат дека бараат азил за да избегнат задолжителна воена служба.

Тие се пронајдени во близина на островот Сент Лоренс на Алјаска, на околу 64 километри од рускиот брег.

Гувернерот на Алјаска, Мајк Данливи изјави дека две лица пристигнале од Русија со брод и се сослушани.

Не очекуваме континуирано доаѓање на поединци или групи поединци. Немаме индикации дека тоа ќе се случи, така што ова може да биде еднократно – рече гувернерот.

Американското Министерство за домашна безбедност потврди дека во вторникот пристигнале две лица.

Лицата се транспортирани на сослушување, што го опфаќа и процесот на верификација, а потоа се обработени во согласност со важечките американски закони за имиграција – изјави портпаролот на министерството.

Руската амбасада во Вашингтон соопшти дека е запознаена со случајот со приведувањето на двајца руски државјани на Алјаска и дека планира наскоро да оствари телефонски разговор со двајцата државјани и да им ја пружи потребната помош.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.