Две години од трагедијата во која загина Коби Брајант

Пред две години, животот го загуби легендарниот кошаркар на Лос Анџелес лејкерс, Коби Брајант, неговата 13-годишна ќерка Џиана и уште седум други лица кои беа во личниот хеликоптер на кошаркарот. Сите загинаа на местото на несреќата, вклучувајќи го и пилотот.
Трагедијата се случи во Калабасас, Калифорнија. Во 2020 година, Брајан беше примен во Кошаркарската куќа на славните во НБА.
Коби играше за Лејкерси од 1996 до 2016 година, пет пати стана НБА шампион, двапати ја освои титулата најкорисен (МВП) играч во финалната плејоф серија и беше прогласен за МВП во регуларниот дел од сезоната.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.