Две лица во опасност од струјата додека се држат за чамец

На ден 15.03.2025 година, во 12.37 часот, беше примена информација преку бројот за итни повици 112 од случаен минувач, за превртена чамец со две лица во Мавровско Езеро. Според информациите, лицата се држат за чамецот, а струјата ги носи кон хидроцентралата, информира директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов. „Веднаш инициравме врска со Диспчерскиот центар на ЕЛЕМ и директорот на ХЕЦ Маврово, за да ги известиме дека не располагаат со употреблив чамец. Исто така, ја контактиравме Ренџерската служба на Националниот парк Маврово, каде што ни кажаа дека поседуваат чамец, но поради силниот ветер и брановите, нивните вработени не се обучени за спасување во вода, што може да ја загрози нивната безбедност. Во истиот момент, преку РЦУК Тетово, беа известени ПС Маврово, ДЗС Гостивар, Општина Маврово и Ренџерската служба на Националниот парк. Поднесовме барање до ДЗС за тим специјализиран за спасување во води. Исто така, ја известивме МВР за да ја проценат ситуацијата и да ангажираат специјален тим со чамец или хеликоптер за спасување на лицата во Мавровското езеро. Директорот на ХЕЦ Маврово беше информиран да го запре произведувањето на електрична енергија привремено, за да се намалат струите на езерото. Од страна на раководителот на СОК е најавено ангажирање на хеликоптер со специјалната единица ‘Тигри’, а Ренџерите од Националниот парк Маврово ќе обезбедат чамец. Спасувачката операција за двете лица е во тек“, стои во информацијата од директорот на ЦУК, Ангелов.
The post Две лица во опасност од струјата додека се држат за чамец appeared first on 365.mk.

Пронајдете не на следниве мрежи:

©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.