Проблеми во безбедносните стандарди кај објектите. Се користеле и пиротехнички материјали без дозвола!

На прес-конференцијата, обвинителот Љупчо Коцевски ја презентираше ситуацијата по увидот направен во дискотеката која изгоре заедно со уште 59 луѓе. Според него, објектот немал соодветна хидрантска мрежа, бил недоволен со број на противпожарни апарати, како и со број на излезни врати.

Неговата инфраструктура не содржела огноотпорен покрив, а објектот бил деклариран за лесна индустрија, а не за угостителски цели.

Обвинителството формираше тим составен од неколку обвинители од различни градови, кој веќе почна со преземање активности. Донесени се наредби за обдукција на жртвите, како и за апсење на сите инволвирани лица. Исто така, се истражуваат и различни предмети, а беше предложено и привремено одземање на снимките од безбедносните камери. Издадени се и наредби за претрес и за одземање на документацијата од дискотеката.

По увидот, потврдено е дека освен недостатокот на хидрантска мрежа, објектот имал само два противпожарни апарати, ограничен пристап за противпожарни возила и внатрешност изградена од гипс картон без огноотпорност. Импровизираната задна врата била заклучена и без можност за отворање од внатре.

Во објектот немало системи за известување за пожар или кочење на врати, а разгласот бил обложен со лесно согорливи материјали. Се користеле и пиротехнички материјали без дозвола. Државни инспектори од областа на градежништво и урбанизам биле на терен, а објектот е регистриран како деловен за лесна индустрија, иако имал дозвола за угостителска дејност издадена од Министерството за економија пред 15 години.

Пронајдете не на следниве мрежи: