Денеска се навршуваат две години од смртта на најпознатиот српски текстописец Марина Туцаковиќ.
Таа последните денови ги поминала во болница во Белград, а од 14 септември 2021 година е ставена на респиратор бидејќи била позитивна на коронавирусот, додека претходно во 2018 година и е дијагностициран рак на дојката, по што веднаш била оперирана.
Таа е погребана до својот син Милош Миша Радуловиќ кој починал на 24 годишна возраст како и до својот друг син Милан Радуловиќ Лаќа кој починал во Израел на 36 години.
На нивниот гроб се наоѓа икона на Богородица со дете во рацете, која ја прикажува најважната вредност на христијаните – љубовта на мајката и децата, а се претпоставува дека оваа икона ја донела самата Марина на гробот на својот покоен син.
Марина не ги криеше своите трагедии искажувајќи ги преку стиховите, а во една прилика раскажала и како го пронашла синот мртов.
„Прстите му беа модри, не знам што се случило. Не знам дали има нешто пострашно од тоа да го затечете своето дете како безпомошно лежи во креветот“, раскажа во една прилика Марина велејќи дека никогаш не ја интересирало да ги види резултатите од обдукцијата.
Таа од тага доби и рак и за тоа отворено зборуваше додека беше жива, а 15 месеци подоцна и нејзиниот втор син Лаќа не можеше да се помири со нејзината смрт, па им се придружи на мајка му и брат му и почина во месец декември како и неговиот брат…