четврток, 12 ноември 2026
Најново

Дебата за правата на жените „Кој ја плаќа сметката? Цената на нееднаквоста“

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

 Заменик амбасадорот на ЕУ Бен Нупнау во просториите на Јуроп Хаус во Скопје денеска напладне ќе го означи почетокот на низа панел дискусии за правата на жените кои ќе се одржуваат во текот на целата година – почнувајќи со Меѓународниот ден на жената и завршувајќи со Меѓународниот ден за елиминација на насилството врз жените.
Со фокус на прашањето „Кој ја плаќа сметката? Цената на нееднаквоста“, првата панел дискусија ќе се фокусира на економските и социјалните проблеми со кои се соочуваат жените денес.
Целта на панел дискусијата е двојна -да се прослават социјалните, економските, културните и политичките достигнувања на жените во Северна Македонија и пошироко, и да се слушнат различни перспективи – од граѓанското општество, академијата, претприемништвото, како и владата.
„Нема да нè снема“ – Осмомартовски марш за женските права во Скопје

Поврзани вести