четврток, 12 ноември 2026
Најново

Девојката што падна од балкон во Тетово малтретирана од таткото

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Деветнаесетгодишината девојка која пред три дена падна од балкон од куќата на нејзиниот дедо била малтретирана од нејзиниот татко. Тој вчера вечерта самиот се пријавил во полиција.
На 16.03.2026 во 21:20 часот во СВР Тетово сам се пријавил А.А.(47) од Тетово и со него бил извршен службен разговор. Имено, постапувајќи во врска со настанот од 14.03. во кој 19-годишна девојка од Тетово падна од балкон од куќата на нејзиниот дедо и која беше пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, полициски службеници дошле до сознанија, односно било констатирано дека девојката била психички и физички малтретирана од нејзиниот татко А.А., информира денеска Министерството за внатрешни работи
По насока од јавен обвинител А.А. е пуштен и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поврзани вести