Декодиран геномот на целакантот

Меѓународен тим научници го декодирала геномот на целакантот (coelacanth) рибата позната како „живиот фосил“ за која се сметало дека е исчезната пред 65 милиони години сé додека во 1939 година не бил уловен жив примерок во Индискиот Океана крај брегот на Мадагаскар.Целакантите се сметаат за живи фосили бидејќи речиси и не еволуирале во последните 400 милиони години. Интересно е што своите перки ги движат наизменично како нозе, наместо да ги користат истовремено. Неговото откритие во Јужна Африка предизвика научна сензација, а таа риба и денес ги привлекува научниците, иако останува многу слабо позната.Долго време се сметаше дека овој вид риба е исчезнат. По првото откритие на жив примерок, требало да се чека 15 година, а до денес се откриени само 309 примероци. Целакантот се смета за една од најзагрозените животински видови денес на светот.Научниците од 40 институти од 12 земји учествувале во секвенцирањето на ДНК на целакантот кој содржи околу три милијарди „знаци“, објави британскиот магазин Nature. Анализата потврдува она што научниците долго време го претпоставуваа, дека гените на оваа прастара риба се развиваат побавно отколку гените на сите други риби и копнени 'рбетници.Научниците нагаѓаат дека целакантите можеби не морале да еволуираат, бидејќи живеат на длабочини на коишто со милиони години не се случуваат промени.„Тоа не е жив фосил, тоа е жив организам. Таа риба живее во наше време и затоа нé фасцинира барањето одговори на тоа како нејзините гени се развиваат побавно од нашите“, нагласува Џесика Алфофли од американските универзитети Broad institut на MIT и Харвард.Геномот на оваа риба им овозможува на научниците да го разгледуваат прашањето на развојот на првите четириножни копнени ’рбетници, бидејќи целекантот во себе носи знаци на премин меѓу рибите и овие копнени животни. Целакантот носи знаци на екстремитети на четирите перки и воздушен меур, кој би бил зачетник на примитивните бели дробови.Компаративното споредување на геномот на целакантот со геномот на копнените животни овозможи неколку откритија. Научниците одредија неколку големи генетски региони за коишто сметаат дека имале улога во обликувањето на екстремитетите и прстите, како и на плацентата.
МакфаксМеѓународен тим научници го декодирала геномот на целакантот (coelacanth) рибата позната како „живиот фосил&ldqu

Пронајдете не на следниве мрежи: