Деликатес за вечера: Подгответе фина гурманска пилешка паштета!

Дали има нешто подобро од комбинирање на здраво, вкусно и заситно? Оваа паштета од пилешко ви одзема малку напор и време, но тоа ќе биде вкусно и здраво решение за појадок, ручек или вечера.
Пилешкото е лесно достапно и не е многу скапа опција за јадење. Но, честопати луѓето знаат да се заситуваат цело време од едно исто па затоа ви донесуваме рецепт што ќе му даде на пилешкото ново руво, а на вас исклучително фин оброк, на кој не потрошивте многу пари.
Состојки:
1 пилешко
1 пециво (кајзерица)
млеко
1 јајце
2-3 кисели краставички
Француски сенф
2 лажици павлака
2-3 лажици мајонез
сок од половина лимон
магдонос, сол, бибер


Подготовка:
Исечете го пилешкото на помали парчиња и варете. Кога ќе се свари, оставете малку да се излади.
Извадете го месото и мелете го во мелница за месо.
Пренесете го месото во поголема чинија и додадете го пецивото натопено во млеко. Промешајте со рацете.
Додадете едно сирово јајце и измешајте сè повторно.
Исечете ги киселите краставички на мали коцки и додајте ги во смесата.
Прво додадете павлака, па сенф и лимон. После тоа зачини. Измешајте сè добро за да направите мазна смеса и пробајте.
Во случај на недостаток на “подмачкување” додадете 2-3 лажици мајонез.
Паштетата можете да ја оставите во еден сад или да ја поделите на помали чинии со капаци и да ја ставите во фрижидер 2 до 3 часа да се олади и стисне.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.