недела, 15 ноември 2026
Најново

Дел од семејствата на починатите во трагедијата во Кочани на средба со амбасадорката на Кралството Холандија

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Дел од семејствата на починатите во трагедијата во Кочани денес остварија средба со амбасадорката на Кралството Холандија, г-ѓа Озлем Канелво просториите на ЗГ.

Иако средбата се одржа во рамки на дипломатски протокол, таа помина во исклучително топла, блиска и човечка атмосфера. Семејствата со длабока, достоинствена искреност ги споделија своите болки, искуства и предизвици со кои секојдневно се соочуваат.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Амбасадорката ги сослуша со внимание и искрено разбирање, пренесувајќи поддршка која беше почувствувана не само на институционално, туку и на човечко ниво.

Дополнително, им се заблагодаривме за континуираната поддршка што ја даваат холандските фирми во Кочани и Виница, поддршка која има значење и тежина за нашата заедница, посебно за нас семејствата на починатите.

Разговорот донесе чувство на почит, доверба и создаде основа за понатамошна комуникација и охрабрување за идните чекори.

Поврзани вести