Дена пред одбележување на раѓањето на Гоце Делчев: „Самоилова“ е затворена за сообраќај

Од вчер попладнево, од 18 часот, затворена за сообраќај е улицата „Самоилова“, каде се наоѓа црквата „Свети Спас“.

Таму во сабота ќе се одбележува годишнината од раѓањето на Гоце Делчев.

Од министерството за внатрешни работи (МВР) најавија дека од попладнево, два дена пред одбележување на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, ќе ја затворат за сообраќај улицата „Самоилова“, на потегот од улицата „Иљо Војвода“ до крстосницата со „Прохор Пчински.
Во сабота по улиците „Лазар Личеновски“ и „Самоилова“ ќе се вози само под посебен сообраќаен режим.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.