четврток, 12 ноември 2026
Најново

Денеска ќе се знае предлогот за нов член на Судскиот совет

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Во Собранието денеска ќе заседаваат Комисијата за прашања на изборите и именувањата, Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање, како и Законодавно-правната комисија.
На дневен ред на Комисијата за прашања на изборите и именувањата е утврдување предлог-листа за избор на член на Судскиот совет што го избира Собранието.
На 26 минатиот месец пред членовите на Комисијата се претставија шест кандидати кои ги исполнија условите од Огласот за избор на член на Судскиот совет. Новиот член ќе се избира меѓу Арбер Исаку, дипломиран правник со положен правосуден испит од Тетово, Феузи Џафери, дипломиран правник со положен правосуден испит од село Чејле, Гостивар, Сабедин Даути, дипломиран правник со положен правосуден испит од село Равен, Гостивар, Фадил Џелил, магистер по правни науки со положен правосуден испит од село Чегране, Гостивар, Светлана Попова, магистер по правни науки со положен правосуден испит од Штип и Сејфула Османи, доктор по правни науки со положен правосуден испит од Градец, Врапчиште.
На дневен ред на Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање се Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за градење и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за градежно земјиште, двата предложени по скратена постапка.

Поврзани вести