Денес Владата повторно ќе не задолжи

Владата на Р.Македонија денес ќе не задолжи за нови 32 милиони евра. Иако капитални инвестиции нема, Владата продолжува редовно да се задолжува на домашниот пазар. Министерството за финансии за денес закажа аукција на хартии од вредност со која планира да повлече нови 1,95 милијарди денари или околу 32 милиони евра.
Аукција на хартии од вредност со која повлече 3,5 милијарди денари или околу 57 милиони евра Министерството за финансии одржа и пред десетина дена.
На почетокот на оваа година Владата се задолжи со еврообврзница од половина милијарда евра за која само за камати треба да се платат 96 милиони евра.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.