четврток, 12 ноември 2026
Најново

Денес расправа на подгрупата за помирување

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

По состанокот во понеделникот кој беше прекинат заради нови информации за кои се потребни дополнителни консултации во врска со законското решение за амнестија на дел од учесниците во настаните во Собранието на 27 април минатата година подгрупата за помирување ќе расправа денес. Доколку се доуреди предлог-законот за амнестија тој треба да биде проследен до Координативното тело кое го предводат потпретседателката на Собранието Фросина Ташевска Ременски и Емилија Александрова од независната пратеничка група. Координативното тело има 25 членови меѓу кои потпретседателите на Собранието, координаторите на пратеничките групи со исклучок на ВМРО-ДПМНЕ, и претставници на независните пратеници и партиите кои немаат пратенички групи.

Поврзани вести