Десерт како секс! Со што да го заведете секој хороскопски знак?

Близнаците ќе ги освоите ако им понудите торта со шлаг, Јарците ќе ги воодушевите со чоколадна крофна, а Лавовите со колач од карамела.Не случајно се вели дека патот до срцето води низ стомакот. Кога станува збор за слатките задоволства, секој астролошки знак има омилено задоволство . За некои знаци десертот е речиси ист како сексот, додека за други е моќно средство за заведување. Прочитајте кои слатки одговараат на секој хороскопски знак и заведете ја личноста која ви се допаѓа. ОвенОвенот сака колачи со лимон, кифлички од малини и торта со крем сирење. Покрај тоа, тој сака и сладолед прелиен со шлаг. БикБикот ужива во чоколадни колачи, сладолед од ванила или шлаг. Покрај тоа, таа сака пита со јаболка и торта од моркови.  БлизнациБлизнаците обожаваат лесен чоколаден десерт, а вистинскиот избор се колачите со шлаг, особено оние со јагоди или малини. Обожаваат и сладолед од ф’стаци или диња.  РакРакот ужива во кроасани исполнети со чоколада. Пити, овошни колачи со сирење и сладолед го воодушевуваат овој љубител на калорични колачи.  ЛавЛавот сака секакви колачи, особено чоколадните. Сепак, тие никогаш нема да одбијат торта од ванила или карамела. Колачите со банана и оние со овошни додатоци се исто така вистинскиот избор доколку сакате да го заведете овој крал на животните.ДевицаБелото чоколадо е многу пожелно кога станува збор за Девица. Чоколадните колачиња и колачињата од овес се омилени на овој знак. ВагаВагите уживаат во лесен десерт. Вкусот на малини, кора од лимон и темно чоколадо е нивната омилена комбинација. ШкорпијаЧоколадните колачи со малку алкохол и оние со кафе се многу привлечни за овој знак. Меките чоколадни колачиња и темното чоколадо ќе му го подигнат нивото на ендорфин (хормонот на среќата), па тој нема да може да ви одолее. СтрелецСтрелецот е малку љубител на егзотична храна, како што се семките од калинка натопени во алкохол или слоевити колачи. Сака и колачиња со какао во прав кои не се премногу слатки. ЈарецЈарецот сака чоколадни крофни, пита со ореви, колачиња со малку чоколадо или торта од банана. Сака и топло чоколадо и овошни пијалоци. ВодолијаВодолијата сака јагоди или боровинки со шлаг и егзотични ликери. Печива наполнети со сирење или чизкејк со прелив од вишни треба да се понудат како задоволство после вечерата. РибаРибите не се комплицирани, па сакаат едноставни јадења направени од јагоди, ванила, чоколадо или сладолед. Освен тоа, обожаваат и путер од кикирики, а ако колачот се наполни со тој путер, на нивната среќа и нема крај. 

Пронајдете не на следниве мрежи: