Десерт: Лава колач

Потребни состојки:
1 јајце
1 жолчка
1 лажица шеќер
50 г чоколадо
50 г путер
3 лажици брашно
Начин на подготовка:


Едно цело јајце и една жолчка ги матите со миксер заедно со шеќерот. Жолчката го прави покремаст чоколадниот дел кој потоа истекува. Растопете го чоколадото со путерот на пареа, па додадете ја смесата во изматеното јајце, жолчка и шеќер, додадете го и брашното..
Кога ќе ги соедините сите состојки, префрлете ги во модли кои претходно сте ги намрсиле со путер. Смесава е доволна за 2 лава колачиња.
Најважниот дел е печењето. Може да го печете во модли или обични шолји за кафе. Печете не повеќе од 8-10 минути на 200 С. Доколку го печете во шолја или метална/керамичка модла може да е потребно уште 1-2 минути. Внимавајте да не ги препечете затоа што тогаш ќе добиете само обични мафини. Послужете со овошје или сладолед по желба.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.