Десерт на денот: Мона колач

Потребни состојки:
Кора
100 г шеќер
120 мл вода/млеко
150 г путер/маргарин
300 г мелени бисквити
1 дел
150 мл хопла
400 г чоколадо
2 дел
100 мл хопла
200 г бело чоколадо
Глазура
100 г чоколадо + 50 г путер/маргарин


Начин на подготовка:
Најпрво ставете ги на оган водата, шеќерот и путерот да се растопат заедно, па измешајте со бисквитите и натапкајте ја смесата во намрсен плех. Следно растопете го црното чоколадо на пареа, додадете ја хоплата(нематена) и измешајте. Смесата внимателно распоредете ја врз колачот и ставете во фрижидер да се стегне дoдека го правите следниот дел. Постапката е иста. Растопете го белото чоколадо, додадете ја хоплата и прелијте врз претходниот чоколаден дел. Може, а и не мора одозгора да ставите глазура. Растопете чоколадо на пареа со путер и прелијте врз белиот дел. Оставете некое време во фрижидер и колачот е готов.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.