Десерт на денот: Сладолед-торта со прелив од карамел

За пролетните денови предлагаме да се „засладите“ со сладолед-торта прелиена со карамел прелив, која се топи во уста!
Оние кои сакаат да експериментираат во кујната задолжително треба да го подготват ова слатко задоволство.
Изгледајте го видеото, прочитајте ја постапката и пробајте го десертот на кој нема никој да одолее.
Потребни состојки:
За карамел и чоколаден сируп:
1 шолја шеќер
200ml вода
½ шолја какао во прав
4 лажици шеќер
За торта:
2 лименки кондензирано млеко

300ml млеко
3 јајца
1 лажица екстракт од ванила
½ шолја шеќер
300g слатка павлака
Начин на подготовка:
Во мало тавче истурете 1 шолја шеќер и ставете ги на рингла постојано мешајќи додека не добиете карамел. Истурете ја смесата во калап и тргнете го настрана.
Во друго тавче, додадете ги водата, какаото и 4-те лажици шеќер. Мешајте на среден оган додека да се стопи и формира сируп.
Истурете ја чоколадната мешавина врз карамелот и ставете ги во замрзнувач 30 минути.
Во тавче ставете ги кондензираното млеко, обичното млеко, 3 жолчки и екстракт од ванила. Мешајте постојано додека се на тивок оган и додека не се направи густа смеса. Тргнете го тавчето од оган и оставете да се излади.
Изматете ги белките и постепено додавајте го шеќерот додека не добиете смеса како шлаг. Истурете ја смесата во таа со пудингот од кондензирано млеко. Додадете во смесата слатка павлака за готвење.
Мешавината истурете ја во калапот врз замрзнатото чоколадо и карамел. Оставете во фрижидер 3 часа и свртете ја обратно при сервирање.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.